Пиварa Скопје е добитник на Andrew David Cup 2025, најголемата и најпрестижната награда што Coca–Cola HBC групацијата ја доделува на земјата со најдобри севкупни резултати. Наградата беше врачена на годинешната Лидерска конференција на Coca–Cola HBC во Белград, каде Пиварa Скопје се истакна како најуспешна компанија меѓу 29 земји членки на групацијата.
Andrew David Cup се доделува од 2005 година и претставува највисоко признание во рамки на системот, кое го добива само една земја – онаа што покажала доследно остварување на врвни резултати во повеќе стратешки категории, меѓу кои задоволството на потрошувачите и вработените, оперативната ефикасност, иновациите и развојот на таленти, како и застапеноста на жените на лидерски позиции.
Со освојувањето на ова признание, Пиварa Скопје го потврдува континуитетот на високи перформанси и силната корпоративна култура што ја позиционира компанијата меѓу најуспешните во системот на Coca-Cola HBC и на македонскиот пазар. Особено значајно е што оваа награда традиционално ја освојуваат бизнис-единици кои работат на големи и силни пазари како Нигерија, Бугарија и Србија, што дополнително ја нагласува вредноста на овој извонреден успех на Пивара Скопје и воедно претставува силна потврда за квалитетот на работата на компанијата.
Ова високо меѓународно признание е резултат на заедничката посветеност, професионалност и тимски дух на сите вработени во Пивара Скопје. Тоа претставува потврда за силата на тимот на Пиварa Скопје, кој со својата енергија, знаење и истрајност ја води компанијата напред и ја зацврстува нејзината позиција како еден од водечките бизнис енетитети на македонскиот пазар. Истовремено, ова признание e мотив да се продолжи со уште поголема посветеност кон иновации, континуиран одржлив раст и развој и создавање вредност за потрошувачите, партнерите и заедницата, велат од Пивара Скопје.
За Coca-Cola HBC Групацијата
Coca-Cola HBC е водечка мултинационална групација за производство и дистрибуција на безалкохолни пијалаци и стратешки партнер на The Coca-Cola Company. Групацијата е присутна на 29 пазари и опслужува над 750 милиони потрошувачи. Со едно од најшироките портфолија во индустријата, кое ги вклучува брендови како Coca-Cola, Fanta, Sprite, Schweppes, Cappy, FuzeTea, Powerade, Vergnano Coffee и многу други, групацијата создава вредност за своите потрошувачи, партнери и заедниците во кои делува. Coca-Cola HBC е препознаена и како глобален лидер во одржливост и ESG практики, со силна посветеност на одговорно работење и долгорочен раст.

























