Фото/printscreen
Жителите на прилепската населба Чачорица се жалат на како што велат неажурноста на полицијата.
Иако 3 години со ред масовно се крадел тутун кој се суши на скелињата, досега не бил решен ниту еден од овие случаи – oбјави порталот “Инфокомпас.мк”
Последниот грабеж бил извршен пред два дена кога на прилепчанецот Томе Бубрегоски му биле украдени 155 низи со тутун.
Иако настанот уредно го пријавил во полиција таа не несакала ниту да изврши увид.
„А од друга страна ние плаќаме и даноци и се на оваа држава, а не сме заштитени од тие кои треба да не заштитат, тоа во овој случај е полицијата. Кога тие би дошле тука и би направиле увид тоа би било друга работа. Ние имаме и осомничени лица кои ги посочивме кај полицијата и им рековме да извршат увид кај нив, тие ни рекоа дека тоа не одело толку лесно, незнам што. Јас се прашувам до кога ова ќе оди вака?“, вели Томе Бубрегоски, тутунар од Прилеп.
ВИДЕО СТОРИЈАТА ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ТУКА