Кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова за Македонија“ за општина Охрид, Кирил Пецаков со големо водство пред кандидатот на СДСМ, Константин Георгиевски.
Според информациите до кои дојде КУРИР, во најголем дел од избирачките места во Охрид, Пецаков освои најголем број од гласовите на своите сограѓани.
Се чека пребројување на сите избирачки места, за официјално да биде прогласен Пецаков за нов градоначалник на Охрид.