Пет медали за ЏК „Сеишин“ – Прилеп од Меѓународниот џудо турнир во Приштина (ФОТО)

На 8 ноември 2025 година во Приштина, Косово, се одржа Меѓународен турнир во џудо во организација на Џудо клубот „Полиси“ од Приштина. На овој престижен натпревар учество зедоа клубови од Косово, Албанија, Бугарија, Црна Гора, Словачка и Полска.

Македонскиот претставник Џудо клуб „Сеишин“ – Прилеп настапи со пет натпреварувачи, кои постигнаа одличен успех и се вратија дома со вкупно пет медали – две златни, две сребрени и една бронзена.

Индивидуални резултати:

Марко Марковски – 1 место (златен медал)
Јована Цветкоска – 1 место (златен медал)
Дила Пупаловиќ – 2 место (сребрен медал)
Немања Џагадуроски – 2 место (сребрен медал)
Михаил Димоски – 3 место (бронзен медал)

Екипата на ЏК „Сеишин“ ја предводеше тренерот Мартин Ристески, кој изрази задоволство од настапот и резултатите на своите џудисти.

„Нашите натпреварувачи покажаа голема борбеност, дисциплина и посветеност. Овие резултати се поттик за уште посериозна работа во иднина“, изјавиja од клубот по завршувањето на турнирот.

Овој успех претставува нова потврда за квалитетната работа на прилепскиот клуб, кој со години успешно ги промовира младите спортски таленти и го афирмира македонското џудо на меѓународната сцена.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.