Петрушевска: Идентитетот е нешто за кое не се преговара, цел живот ни помина во уцени, притисоци и закани

Актерката Весна Петрушевска се огласи на социјалните мрежи откако вчера присуствуваше на протестот против францускиот предлог.

-Вечерва излегов на протест за да ви кажам дека македонскот јазик е тврдина, идентитетот е нешто за кое не се преговара. Ова е наша работа за сите нас. Цел живот ни помина во уцени, притисоци и закани. Зошто да потклекнеме и да дозволиме да ни менуваат историја, култура…велат не се секирајте”бетониран е јазикот”. Па од бетон глава не кренавме! Сакаме да сме асимилирани, денационализирани и без историја? Да сме гости на сопствениот живот? Беше радикално вечерва и не поддржувам насилство, но народот е бесен и гневен. Жално и тажно за сите нас во што ни помина животот?, пишува Петрушевска на Фејсбук.

Таа вчера имаше и обраќање на кое истакна дека општествена одговорност е секој културен работник, актер, музичар да дојде и да говори дека имаме само еден јазик, а тоа е македонскиот.

Петрушевска нагласи дека никој нема право да преговара за македонскиот идентитет и македонскиот јазик бидејќи како што рече таа тоа е нашата тврдина.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.