Перфектен старт на сезоната за Џудо Клубот Пролетер – Прилеп

12625928_10208812152610771_2055130101_n

Успешен старт на новата натпреварувачка сезона и проверка на формата имаа младите прилепски џудисти, кои со грст медали се вратија од силниот меѓународен  турнир Патрида, во Солун, каде што учество зедоја натпреварувачи од  Русија, Украина, Турција, Србија, Бугарија, Црна Гора, Албанија, Молдавија, Кипар и Македонија. Ова беше одлична можност да се провери формата и да се стекни големо меѓународно искуство.

Пролетер вкупно  освои 11 медали од кои 6 златни и 5 бронзени.

Со златни меали се закитија : Галески Тадеј  27 кг, Петрески Мартин  30кг, Сара Павлоска 29кг,

Теодора Димеска 44кг, Јорданчо Ѓорѓиоски 50кг и Ангелов Борче 66кг.

Бронзени медали освоија: Марко Кироваков  31кг, Никола Спиркоски 24кг, Лука Петејчук 38кг, Дино Спиркоски 42кг, Михаил Стојаноски до 27 кг.

12606748_10208812152730774_245744098_n

12648145_10208812152650772_1978139070_n

ЏК Пролетер Прилеп упатува искрени честитки до сите кои зедоа учество и се стекнаа со големо искуство на овај голем Меѓународен турнир, а воедно им честита на добитниците на медали со желби за уште поголеми успеси во иднина.

12584052_10208812153890803_595909817_n




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.