Пензионери од Прилеп изгребаа милион (ФОТО)

Инстант лозот „Златна рипка“ ја исполни желбата на семејството Анески од Прилеп да ја освојат главната добивка – неверојатни 1 000 000 денари – објавија од “Државна лотарија на Македонија”.

Денес, пензионерот Блаже и неговата сопруга ги посетија нашите простории, расположени да ја споделат со нас нивната среќна приказна.

Како што ни раскажаа, Блаже неколку години на назад има навика секое утро да купува по два лоза Златна рипка. Иако имал неколку помали добивки, кога се работи за милионот секогаш биле скептични дека тоа е „наместена работа“ и никогаш не претпоставувале дека токму тие ќе бидат среќните добитници еден ден.

Тоа утро, како и секое претходно купил два лоза „Златна рипка“ од среќното продажно место „Ај Ника“, ги изгребале дома со утринското кафе и не верувајќи дека токму милионот е во неговите раце, го повикал неговиот син, како што рече, да ги изброи нулите.

Семејството Анески, дома си заминаа побогати за 1 000 000 денари, а на сите играчи на игрите на среќа на Државна лотарија на Македонија им посакаа никогаш да не се откажуваат затоа што среќата може да ви се насмее кога најмалку ќе очекувате!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.