Пензионерите пеат: Пензионери од девет града организираа двочасовен концерт во Прилеп

6

Во време на летните денови, градот под Марковите кули изобилува со секојдневни натани. Вчера во просториите на ЦК „Марко Цепенков“ пензионерите од општините Прилеп, Кривогаштани и Долнени како и од други девет града на Републикава, организираа двочасовен концерт.

3

1

2

„Целта на  настанот „Пензионерите пеат“ е пред се дружењето, унапредување на културните и другите активности, соработката со други здруженија, соработка со локалната самоуправа и отворање на клубови за дружење и забава на пензионерите“, посочија во својата изјава организаторите.

7

Градоначалникот Марјан Ристески ги поздрави присутните и им посака уште многу активности и весели пензионерски денови.

Здружението на пензионери на Прилеп за да може да одговори на сите овие задачи е организирано во 21 огранок, од кои 5 се во руралните средини, како Кривогаштани и Долнени и 16 ограноци се на територијата на град Прилеп.

8

9

10

КУД „Пенка Котеска“, „Пензионер“ како и КУД од здруженијата на пензионери од Богданци, Кавадарци, Неготино, Гевгелија, Валандово, Битола, Велес и Дојран ја збогатија програмата со интерпретација на изворни песни, ора и многу музика. Благодарение на единството, посветеноста и ангажираноста на сите членови на Собранието, ИО и помошните тела Здружението на пензионери на Прилеп, е најактивното вакво здружение во цела Македонија.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.