Пендаровски потпиша за новите амбacaдоpи: Буџаку во Канада, Дритон Кучи во Норвешка, нови лица и во Словачка и Бугарија

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на своите уставни надлежности, денеска потпиша укази за поставување на должноста вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Македонија во Словачката Република, во Канада, во Кралството Норвешка, во Кралството Белгија и во Република Бугарија.

За амбасадор во Словачката Република е поставена Евгенија Илиева, во Канада за амбасадор е поставен Агрон Буџаку, додека во Кралството Норвешка за амбасадор е поставен Дритон Кучи.

Методија Белевски е поставен за амбасадор во Кралството Белгија, додека за амбасадор во Република Бугарија е поставена Агнеза Руси Поповска.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.