Македонскиот претседател Стево Пендаровски денеска ја пофали реториката на новиот бугарски премиер Кирил Петков, споредувајќи го со Нелсон Мандела за разлика од политичарите од претходниот владин состав на Бугарија.
– Да ви кажам најискрено, од тоа што го слушам од Петков, последниве недели откако е премиер на Бугарија, е како да зборува Нелсон Мандела, ако го споредите со тоа што зборуваа неколку министри од претходната влада на Бојко Борисов. Имавме дневна количина на навреди кон нас како народ и како нација – рече денеска Пендаровски пред новинарите.
Според шефот на државата, Петков се држи до тоа што му е надлежност и не ја влошува ситуацијата во односите, иако мора да маневрира и во внатрешниот политички контекст на Бугарија.