Пемова до Заев: Доколку живееме во демократија, зошто Собранието денеска како никогаш е опколено со полиција и војска?

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Весна Пемова на денешната Собраниска седница го праша премиерот Зоран Заев, зошто ако живееме во демократија Собранието како никогаш досега е опколено со полиција и војска.

-Денеска кога доаѓав на работа на патот од Петровец кон Скопје имаше полно полиција и војска, Собранието денес е опколено како никогаш порано со бројна полиција и војска, а вие во вашето обраќање и тоа на самиот почеток зборувавте за демократија и за демократско општество како што било нашето. Ова ли е демократија војска и полиција да ги чува народните пратеници и тоа од кого, од народот, за каква тоа демократија зборувате, праша Пемова.

Таа додаде дека Заев треба да даде одговор пред јавноста зошто е потребно толку многу обезбедување на Собранието односно храмот на демократијата и од кого се чуваат претениците кои се народни избраници.

-Кога веќе спомнав за демократија таа значи едно општествено уредување каде што моќта му е дадена на народот и се извршува непосредно преку него или преку негови народни избрани претставници. Во секое едно демократско општество кон какво што и ние се стремиме волјата на граѓаните треба да биде неприкосновена и не смее да има простор за никакви импровизации и манипулации, додаде таа.

Пемова на крај истака дека за жал сме сведоци дека демократијата во Република Македонија ја нема.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.