Некогашниот фудбалски гигант од Битола и доскорешен прволигаш, Пелистер, поминува низ најтешките мигови од своето постоење. Денеска тимот од Тумбе кафе забележа висок пораз со 4:1 од Генч Калемлер, во рамките на Втора лига-Запад.
Ова ги налути од навивачката група “Чкембари” кои важат за една од најбројните и најсплотени навивачки групи во државата.
Од “Чкембари” на нивната официјана група на Фејсбук напишаа:
“Алооо општински власти, дали се слушаме??? Спортот ви беше главна тема на критика се додека стапите на власт, и сега шо прајме??? ФК Пелистер губи со 1-4 дома од чкљ екипа, шо е проблемот? Ќе чекаме референдумот да помини за решение да изнајдиме? А дотогаш срамот ќе си го кркаме?”