Викендов Лисабон според најавите, ќе биде помеѓу најтоплите градови во светот, додека во неколку места во југозападниот дел на португалската област Алентео, температурата ќе порасне до 47 степени целзиусови.
Големи жештини во Европа ги погодија Шпанија и Португалија, каде властите се на штрек поради можноста од избувнување на шумски пожари.
Швајцарија поради високите температури им дозволи на војниците да носат куси пантолони, а супермаркетите во Финска ги повикаа купувачите да преспијаат кај нив за да можат да се разладат.
Тропското лето донесе голема суша и пожари во Велика Британија и Грција, каде загинаа и 88 луѓе. Шведска од средината на јули се бори со пожарите, а во петокот властите таму соопштија дека постои опасност од нови.
Residents struggle to cool off amid Lisbon’s record heat wave https://t.co/nNVQ7PT9zV
— wtfiscrackin (@wtfiscrackin) August 3, 2018
Пеколниот бран од Северна Африка на Пиринејскиот полуостров го предизвика најсилниот топлотен удар уште од 2003 година.