Пачешкоски разрешен од Претседател на OO СДС Прилеп, еве кој ќе го наследи

Со Решение на претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, за претседателка на ОО на СДСМ Прилеп е именувана нашата другарка, Петра Лукароска – информираше на социјалните мрежи досегашниот претседател на партијата во Прилеп и се’ уште актуелен Генерален директор на Тутунскиот Комбинат, Зоран Пачешкоски.

Фејсбук статусот на Пачешкоски во целост го пренесуваме во продолжение:

-Честитајќи и’ на изборот, сакам да ја потенцирам мојата убеденост дека Лукароска е вистинскиот избор за прв човек на нашата Општинска организација која со своето знаење, посветеност и тимска работа ќе ја врати партијата на победничките патеки. Истовремено, на самиот крај на мојот мандат како претседател на ОО на СДСМ Прилеп, ја користам приликата да им се заблагодарам на сите мои соработници, на сите членови на СДСМ за поддршката и соработката. Еднаш СДСМ – секогаш СДСМ!

Инаку Лукароска беше директор на СОУ “Ѓорче Петров”, а беше и претседателка на Форумот на жени на партијата во Прилеп.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.