Жителите од населените места Тополчани и Канатларци во прилепско, информираат дека локалниот пат помеѓу овие две поголеми населени места е целосно завеан и замрзнат.
Како последица на негрижата на надлежните вечерва излетало и возило од патот.
Жителите информираат дека причина за тоа се и високите банкини за кои повеќе пати апелирале да се потполнат со тампон.
За среќа возачот на автомобилот не се здобил со посериозни повреди, но состојбата е алармантна, бидејќи селата се речиси отсечени.