Партнерот на колумбискиот нapko-бoc Пабло Ескобар, Карлос Ледер (70), е пуштен од американскиот затвop и депортиран во Германија, известува АП.
Карлос Ледер е еден од главните ликови во биографските холивудски филмови “Блоу” од 2001 година во кој се прави реконструкција на kpиyмчapeњето на kokaин од Колумбија во САД на крајот од 1970-тите и почетокот на осумдесеттите години.
Ледер е пуштен од затвopoт во Флорида во кој помина 33 години и е депортиран во Берлин, каде ќе го продолжи животот како слободен човек.
Германското државјанство го добил од татко му, Германец кој во 1928 година пребегал во Колумбија.