Партерно се уредуваат улиците “Македонски гемиџии” и “Булевар 1 Мај” во Битола (ФОТО)

Денес започнаа работните активности на улицата „Македонски гемиџии“, каде се врши уредување на пешачка патека на површина од 425 м2 – информираат од општина Битола.

Станува збор за доста фреквентен простор, каде со уредувањето и функционалното сообраќајно поврзување ќе се зголеми безбедноста за пешаците и жителите од повеќе населби кои гравитираат кон овој дел на градот, меѓу кои населбите Карпош, Кланица, Јенимаале, како и движењето кон воспитно образовните институции од овој дел, како што се: детската градинка “Вангел Мајоро“ и ОУ Коле Канински.

Паралелно партерно се уредува и дел од улица „Булевар 1 ви Мај“, на површина од 230 метри квадратни. Вкупната површина, на која општина Битола, врши партерно уредување и уредување на тротоар патеката изнесува 655 метри квадратни – стои во соопштението од општина Битола.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.