Папата Франциск: Македонија и Бугарија се две целосно различни нации

Папата Франциск изјави дека Македонија и Бугарија се две целосно различни нации, одговарајќи на новинарско прашање за впечатоците од посетата на двете земјите која тој ја оствари изминативе три дена.

“Тие се две целосно различни нации. Бугарија е нација со вековна традиција. Македонија, од друга страна, има вековна традиција, но не како држава… Како народ, што на крајот израсна да формира нација. Тоа е убава борба”, изјавил тој во авионот на пат за Ватикан.

Папата додал и дека Македонија отсекогаш имала идентитет и сега тој е консолидиран како народ со мали и со големи проблеми.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.