Владимир Блажев или како што сите го познаваме Панчо од ДНК, се огласи преку социјалните мрежи по повод насилните протести кои се случуваат во нашата земја.
Тој го осудува и насилното однесување на демонстрантите кон полицијата, а порачува дека најдемократски начин е изборите да си го покажат крајниот епилог. Вели дека нема ништо против протести, но кажува НЕ за насилно однесување.
-…Сакам само да кажам дека со КРШЕЊЕ , ДЕМОЛИРАЊЕ , ВАНДАЛИЗАМ и ХУЛИГАНСТВО нема нигде да стигнеме . Факт е дека секој има право на свое мислење ама не значи дека ако на некој не му се допаѓаат нешто што е направено дека треба да се демолира. Сакав да прашам зашто не го корнеме, асвалтот или демолираме улиците и автопатиштата што никогаш не биле подобри од кога памтам за себе во Македонија . Често патувам па мислам дека сум компетентен да кажам . А можеби треба и градскиот стадион да го демолираме бидејќи е ” ГРД ” и сите оние спортски терени и игралишта ширум Македонија. Пак ќе кажам , нај човечки е и нај демократски ( колку што се разбирам во политика а не многу ) изборите да си го покажат крајниот епилог . Протести ДА одлично FREE WORLD , ама НЕ кршење , уништување и вреѓање на нашата полиција која само си ја извршува својата должност . И они се нечиви деца , сопрузи , татковци , мајки , роднини ………. Државата ни е полна со меѓусебна омраза и поделеност и затоа никогаш нема да идеме напред . Мојот апел е да има мир и соживот и да излеземе сите на избори и демократски и човечки да ја решиме работата.
Прочитајте го целиот статус на Панчо..