Дарко Панчев во интервју за германскиот весник „Франкфуртер Алемајне Цајтунг“ зборува за моменталните достигнувања на македонската фудбалска репрезентација, но искористи и прилика да го прокоментира и нашиот најдобар фудбалер на сите времиња Горан Пандев.
“Придонесот на Горан Пандев за Македонија е неспорен. Не може да се заборави дека тој го даде голот во Тбилиси против Грузија за пласман на Европското првенство, но не може да се заборави дека и со него во тимот губевме од Андора. Мислам дека фудбалерите како Барди, Алиоски, Адеми може уште повеќе да се развиваат, а тоа ќе биде одлично за нашите резултати во иднина. Победите над Германија и Италија не може да се споредуваат, првата беше во квалификации, додека другата во бараж, но како и да е тие двете се голем белег и пресвртница во историјата на македонскиот фудбал. Да сум претседател на ФФМ веднаш би го продолжил договорот на Милевски, би му дал четиригодишен договор. Јас сум импресиониран од неговата работа и од концептот, особено што и претходно имаше одлична работа со младата селекција. За мене тој е најдобриот селектор кој го имала Македонија” – истакна Дарко Панчев.