Ѕвездата на Барселона и Аргентина, Лео Меси после мечот во Ла Лига “ги загрижи” сите навивачи, затоа што навести кога планира да ги закачи копачките на ѕид.
Меси во високата победа над Хуеска постигна 2 погодоци и направи две асистенции, но предизвика и голем страв откако рече дека би можел да замине во пензија после истекот на неговиот договор.
“Се гледам во фудбалот додека не ми истече договорот. После тоа ќе разговараме со клубот, да знам дали морам да заминам или не. Не сум загрижен”, рече Меси и со тоа ги загрижи навивачите, затоа што на сите им е познато колку тој значи за Барса.
Аргентинецот во продолжение вети дека до крајот на неговиот договор во музејот на клубот ќе донесе барем уште една титула во Лигата на шампионите.