Пожар во подрумскиот простор на стамбената зграда од спротива поштата во центарот на Прилеп, ги вознемири станарите.
Причините за настанатиот пожар засега не се познати, а истиот за кратко време е локализиран од екипа на противпожарната единица од каде реагирале со две противпожарни возила.
Од подрумскиот простор на зградата според очевидци сеуште се шири чад.
На лице место се присутни екипи и на полицијата и брзата помош.
Повеќе информации подоцна!