Eден од новите 4 “болиди” автобуси, како што ги нарекуваше опозициската ВМРО-ДПМНЕ, одново се расипал?
Како што дознаваме од наши извори, еден од новите автобуси на метан кои Јавното претпријатие за просторно и урбанистичко планирање при општина Прилеп ги набави неодамна е под дефект и е паркиран во терминалот на ЈКП Комуналец.
Наводно автобусот имал проблем со нивелацијата, односно едната страна била пониска, па се чекала екипа од Скопје да го поправи.