Падот на Тесла: До крајот на годината Маск ќе нема ни за сметки ?!

Тесла во првиот дел од годината изгуби 709.6 милиони нето вредност и потроши повеќе од 743.3 милиони долари на производство на својот електричен автомобил “Модел 3”. Извештаите за загубата уште еднаш го поставија прашањето: Што ќе се случи со оваа компанија и дали таа ќе може да ги подмири своите сметки и долгови без нови задолжувања или продажба на акции?

Сопственикот на “Тесла” Илон Маск вели дека критиките се оправдани, но смета дека многу веројатно дека компанијата во следниот, трет квартал, ќе заработи пари и ќе забележи раст.

” Време е да бидеме профитабилни”, нагласи Маск и најави реконструкција, како би се оствариле зацртаните цели.

Маск најави дека реконструкцијата ќе овозможи и решавање на договорите со третите страни кои, како што вели Маск, излегле од контрола. Признава дека од Тесла направиле грешка кога се обиделе да го автоматизираат производството.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.