Ова беше црквата Свети Георгиј, уште позната како “Света Софија од Бурса”. Некогашниот православен храм, изграден во 1896 година, на почетокот од 20 век бил претворен во џамија, но со текот на времето, човечката негрижа, го доведува до праг на руинирање – пишува на Фејсбук Гоце Секулоски.
Во 2006/2009 година, реставриран и отворен како “културен центар” од страна на општината, но по судски спор, повторно претворен во џамија и оставен на забот на времето…
Вчера, процесот на уништување е завршен со нејзиното конечно рушење од страна на турските власти.
Турција, која во не толку далечното минато, знаеше да го препознае, туристичкиот потенцијал на древно-христијанските и православни светилишта, кои се наоѓаат насекаде на нејзината територија, сега полека се претвора во нетолерантна земја за нејзиното сопствено културно наследство…
По Света Софија и Свети Спас, во изминатите два месеци, ова е трет храм кој станува жртва на новата религиско-политичка доктрина на турската република.