Паднат прозорец од Градската Саат кула за малку ќе предизвикаше трагедија, падната куќа во школскиот двор на ООУ “Климент Охридски”, еден куп објекти кои се пред рушење, во кои никој не живее со децении, а претставуваат опасна закана кон безбедноста и имотот на граѓаните.
Ова е горлив проблем со кој се соочува Прилеп и бара итна акција, а со цел да се спречи некоја потенцијална голема трагедија.
Граѓани ни испратија фотографија и од објектот на старата општинска зграда, каде треба особено да се внимава кога поминуваме, а добро би било да има и едно предупредување, дека малтер и ќерамиди можат да ви паднат на глава.
Апел до надлежните да ги лоцираат сите вакви обејкти, навреме да реагираат, пред да се случи било што…



























