Денес очекувајте дожд и благ пад на температурите. Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува повремено засилен јужен ветер, а повеќе врнежи ќе има попладне во западните делови.
Утринската температура ќе се движи од шест до 12, а дневната од 17 до 23 степени.
Во Скопје слично време, променливо облачно, попладне со повремен дожд. Ќе дува умерен на моменти и засилен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 10, а дневната ќе се искачи до 22 степена.
Викендов нестабилно со пороен дожд
Во сабота попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер и тоа особено во југоисточните делови од земјава.
Во недела ќе биде посвежо со дневни температури пониски за околу 10 степени од сегашните. Врнежите во недела ќе бидат позастапени во јужните делови од земјава.
Од понеделник ќе настапи стабилизирање на времето, а од вторник и постојан пораст на дневната температура.