Охриѓанецот не се снајде во Јувентус: Се договори со клуб од Премиер лигата

Тотенхем се договори со Јувентус за позајмица на играчот од средниот ред Дејан Кулушевски до крајот на сезоната за пет милиони евра.

Купувањето на 21-годишниот шведски репрезентативец со македонско потекло за 35 милиони ќе стане задолжително за лондонскиот клуб доколку се исполнат два услови.

Првиот е Спарс да стигнат до Лигата на шампионите, а вториот е Кулушевски да одигра најмалку половина од натпреварите за Тотенхем.

На 20 натпревари од сезоната во Серија А, Кулушевски има постигнато еден гол и креирано три асистенции.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.