Официјално потврдена генералката: Победа – Влазрими в сабота на Градски

12716082_10208681641022403_4816455028235621069_o (1)

Во сабота на 20.02.2016, прилепска Победа ќе одигра пријателски меч со Влазрими на градскиот стадион “Гоце Делчев” во Прилеп. Почетокот на натпреварот е закажан од 14 часот, а  влезот е слободен. Терминот е фиксиран затоа што и првото пролетно коло на 27-ми ќе се игра со почеток од 14 часот, а во тој термин Победа ќе биде домаќин на Гостивар во Охрид. Раководството на Победа реши за саботниот меч со Велазерими влезот на Градскиот стадион да биде слободен и со тоа да им овозможи на поголем број љубители на фудбалот да го следат својот тим на прилепскиот храм на фудбалот, на кој официјален фудбалски меч црвено-белите немаат одиграно од 3-ти октомври и средбата со Македонија која беше прекината. Од казната на ФФМ од 7 натпревари Победа одработи 3, а за пролетната полусезона остануваат уште 4 натпревари од казната. Од вториот круг преостануваат дуелите како домаќин со Гостивар, гостувањата на Љубанци и Македонија ЃП во Скопје и како домаќин на Еуромилк. Во подготвителниот период Победа одигра 8 натпревари со биланс 5 победи (Младост Царев Двор 1-0, Вардар Неготино 2-1, Новаци 3-1, Љубанци 1-0 и Тиквеш 3-0) и 3 нерешени натпревари (Младост Лучани 0-0, Металург 1-1 и Тетекс 1-1).




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.