Отсекогаш имале различни стандарди: Британците избраа – Џереми Кларксон е најзгодниот маж во државата

Џереми Кларксон е избран за најзгоден маж во Велика Британија.

Тоа е според 2.000 жени кои наводно гласале на анкета на IllicitEncounters – социјална мрежа слична на Тиндер. Кларксон доби оценка 8 од 10 и ги победи Рајан Рејнолдс и Идрис Елба.

На листата се пронајдоа и познати личности кои не се од Обединетото Кралство, но како и да е, одлуката беше едногласна.

Вака некако стојат позициите: Џереми Кларксон, Гери Линекер, Мајк Тиндал, Рајан Рејнолдс, Мартин Луис, Дермот О’Лири, Идрис Елба, Володимир Зеленкси, Микел Артета, Чарли Малинс.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.