Здравствените власти во Виетнам денеска соопштија дека откриле нов сој на кopoнавиpycoт кој е мешавина од мутациите кои се познати како британска и индиска.
Министерот за здравство Нгујен Тан Лонг соопшти дека новиот сој бил откриен со генетско тестирање направено кај група пациенти со методата позната како секвенционирање.
Со карактеристиките на индиската и британската мутација, новиот сој, веруваат виетнамските власти, се шири побрзо од обичните варијанти на кopoнавиpycoт. Новата варијанта на вирусот, според најавите од Лонг, ќе биде објавена и на глобалната мапа, но допрва треба да биде именувана.
Според него, лабораториските испитувања покажале дека новиот сој се пренесува многу брзо и преку воздух што е и причината за бранот на зapaза со кој се соочува Виетнам последниот месец. Имено, од втората половина на април, регистрирани се речиси 3 600 нови случаи во 31 од 63 градови и провинции на Виетнам.
Виетнамските здравствени власти досега објавија циркулација на седум варијанти на кopoнавиpyc во земјата, вклучувајќи ги и британската и индиската, како и јужноафриканската мутација.