Астрономите открија нова планета надвор од нашиот соларен систем во соѕвездието Касиопеја.
Планетата означена како HD219134 оддалечена е 21 светлосна година од Земјата, а има 5 пати поголема маса од нашата планета. Поради тоа научниците ја нарекоа “Суперземја”.
Научниците најмногу се заинтересирани за составот на оваа планета. Богата е со калциум и алуминиум, како и магнезиум.
Located 21 light years away from us, this planet, dubbed HD219134 b, has a mass almost five times that of Earth https://t.co/m9n7dLnZcw
— EconomicTimes (@EconomicTimes) December 22, 2018
“Планетата свети црвено и сино како рубин и сафир. Тоа е поради оксидите на алуминиум кои на оваа планета се чести”, изјави Каролин Дорн, астрофизичарка од Универзитетот во Цирих.