Секоја година 275.000 луѓе одат на разгледување на оригиналната дестилерија, во која уште од 19 век се произведуваат производите на “Jack Daniel’s”.
Сите ја слушаат истата приказна, дека во 1850 година, уште како мал, Даниел започнал да работи за еден свештеник како продавач на вискито “Dana Calla”. Свештеникот бил многу зафатен, а кога ја забележал желбата и талентот на Даниел, го научил и да произведува виски. Останатото е историја.
Оваа година, “Jack Daniel’s” едно од најпродаваните виски на светот, го слави својот 150 роденден, а компанијата после сите тие години, реши да ја открие вистината.
Даниел тајната состојка не ја дознал од “Dana Calla”, туку од еден од неговите робови, по име Неарис Грин. Со години се ширеа гласини за оваа приказна, но тие не беа потврдени, се до сега.
“Се решивме да чекаме заокружена годишнина, па да зборуваме отворено за нашата историја” – рече Нелсон Еди, историчар во Музејот на “Jack Daniel’s”.