Отец Љупче Петрески: “На денот на Преображението, светлоста таворска нека ги преобрази нашите умови, нашите срца, нашите души”

“На денот на Преображението, светлоста таворска нека ги преобрази нашите умови, нашите срца, нашите души.
Да ги осветли ожалостените срца на вдовиците и сирачињата наши, на сиромасите, болните, изнемоштените …

На празникот Преображение да ги преобрази и нашите домови, нашиот град и нашата земја Македонија! Нека таворската светлост ги просветли и останатите луѓе и народи Божји на земјата.

Нека ја преобрази земјата, нивите, училиштата наши…

Се што работиме и градиме, се што е за добро на луѓето, за нашето вечно спасение!”, напиша Протоереј Љупче Петрески по повод денешниот голем христијански празник Господово Преображение.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.