Отец Никола од манастирот „Св. Никола“ во с. Манастир – Мариово доби висока СВЕТА титула од Синодот на МПЦ – ОА

Светиот архијерејски синод (САС) на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ – ОА), на својата редовна седница во полн состав, одржана на 26 декември 2023 година, разгледа повеќе прашања и настани поврзани со актуелниот црковен живот при што се доделија одличија на заслужни свештеници.

На почетокот од седницата Неговото Блаженство Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан, од името на Синодот, им посака добредојде на новоинтронизираните архијереи, со што се заврши процесот на интеграција во рамките на МПЦ – ОА.

Светиот Синод, го избра Неговото Високопреподобие архимандритот г. Никола (Трајковски) од манастирот „Св. Никола“ во с. Манастар – Мариово, за викарен архијереј на Преспанско-пелагониската епархија со титула Епископ Велички.

Инаку, Епископ Велички е титуларен епископ на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Титулата најчесто ја носат викарни епископи. Називот потекнува од историската Величка епархија. За прв велички епископ се смета Св. Климент Охридски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.