Отворена новата спортска балон сала

1

Во дворот на ОУ „Блаже Конески“ денеска стартуваше новата балон сала. Станува збор за приватна инвестиција која беше реализирана по пат на јавно – приватно партнерство, а ќе допринесе за подобрување на спортската инфраструктура и атрактивност на градот.
Инвеститорот Тони Наумоски посочи дека спортската балон сала изнесува околу 130.000 евра.

2

3

4

„Балон салата е со вештачка трева и учениците ќе може да ја користат за фудбал, а возрасните за рекреација. Како поранешен спортист и фудбалер, најавив проект, чиј простор се овозможи со помош на ЛС и директорката на училиштето. Објектот, кој му недостигаше на градот, е готов и денеска е пуштен во употреба за радост на сите, посочи Тони Наумоски.

Според градоначалникот Марјан Ристески:
„Покрај децата за физичко воспитување, сите ентузијасти во градов ќе можат да ги користат новите услови. Уште една балон сала, ќе биде подигната во дворното место на ОУ “Гоце Делчев”, посочи градоначалникот Ристески.

Спортската балон сала беше отворена со натпревар на екипите на градоначалникот Марјан Ристески и инвеститорот Тони Наумоски.
Денеска беа одиграни три натпревари.

5

6

 

 

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.