Денес во просториите на домот на културата во Кривогаштани свечено беше отворена етнолошката поставка ’’ СПОМЕНИ ЗА НАВЕК ’’ на која изложени се предмети, облека, накит и фотографии од сите населени места од општината од старо време, времето на нашите дедовци и прадедовци. Проектот е реализиран од страна на ЈНУ Институт за старословенска култура – Прилеп и општина Кривогаштани со што повозрасните жители имаа прилика да се потсетат на детството и животот, додека оние најмладите имаа можност да се запознаат со начионот на живот на нашите дедовци.