Осум работи кои мора да ги знаете ако сте 0 крвна група

Основната поделба на 4 крвни групи ги дели нашите организми и бара на тоа да с еприлагодиме. Луѓето кои имаат нулта крвна група се специфични по тоа дека може на сите да даруваат крв, а да ја примат само од својата крвна група.

Меѓутоа тоа не е единственото нешто што треба да го знаете.

Како да ја одредите вашата крвна група?

Крвната група се одредува врз основа на присуството или отсуството на одредени антигени, кои може да го покренат имунолошкиот систем, а тоа е важно за при трансфузија на крв да не се случи да се појават таканаречение „ќелии убијци“ кои го загрозуваат цел организам.

Основни одлики на 0 крвната група

Покрај одредувањето на крвната група, важно е и да се провери присуството, односно отсуството на важниот протеин во црвените крвни зрнца, кои го одредуваат Rh факторот како позитивен или негативен. Нулта крвната група нема А и Б антигени во своите црвени крвни зрнца, но ги има во крвната плазма. Нулта позитивната група е најзастапена меѓу луѓето и опфаќа меѓу 37 и 53 проценти од светската популација.

Тие кои имаат општа крвна група се универзални донори

Општата позитивна група може да донира на сите, освен на луѓето кои имаат негативен фактор. Црвените крвни зрнца на групата 0(-) се користат како универзални, особено во итни случаи, бидејќи не содржат антигени кои може да предизвикаат проблем.

Нулта крвната група може да прими крв само од својата група

Оние кои имаа 0(+) крвна група може да примаат крв од двете фракции на нултата група, додека луѓето со 0(-) група може да примаат крв смо од луѓе со истата крвна група и ист Rh фактор

Здравствени ризици

Луѓето кои ја имаат оваа крвна група се чувствителни на некои бактерии и вируси, меѓутоа во оваа област не се спроведнеи доволно истражувања. Нулта крвната група има за 35 проценти поголеми шанси да заболи од болести на дванаесетпалачно црево во однос на другите крвни групи.

Здравствени поволности

Нулта крвната група ви овозможува намален ризик од срцеви заболувања. За 25 проценти е помал ризикот да заболите од рак на панкреасот. Луѓето со оваа крва група, исто така имаат помал ризик да имаат проблеми со циркулацијата, а со самото тоа и паметењето.

0 крвна група и диета

Сигурно сте слушнале дека дека крвната група одредува кои намирници повеќе му одговараат на вашето тело, па во однос на тоа се формираат и посебни диетални програми за исхрана. Сепак, ова е недоволно анализирана тема, па се препорачува да се внесуваат сите намирници кои на вашиот организам му одговараат.

0 крвна група и личноста

На оваа тема во светот на науката се уште се дебатира. Меѓутоа поврзувањето на овие два поими во некои земји е многу популарно, особено во Јапонија. Таму дури се прават и хороскопи за посебна крвна група. Во оваа земја за луѓето со општа крвна група се вели дека се друштвени, љубезни, страствени, дарежливи и материјално успешни.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.