Сакате новата сезона да ја дочекате во топ форма? Посебно со рамен, затегнат стомак? Тогаш треба овие осум непријатели да ги држите што е можно подалеку. И секако, без интензивно вежбање овој режим на исхрана нема да има никакво дејство…
Засладувачи
Позната замена за шеќерот по хемиски состав е алкохолот, но е изведена од молекулата на шеќерот. Во засладувачи спаѓаат сорбитол, манитол и други, што често може да ги најдете во голем број колачи, посебно во мафини. Со оглед на тоа што вашиот дигестивен тракт неможе да ги апсорбира тие не ви се најдобри пријатели и може да предизвикаат гасови, подуеност и дијареја.
Газирани пијалаци
Газираните пијалаци миже да го наполнат вашиот стомак со воздух па ќе се чувствувате подуено. Наместо газирани пијалаци, пијте вода или пијалаци без калории што се богати со антиоксиданси.
Свежа храна
Одредена свежа храна можа да биде прилично тешка за варење затоа што може да доведе до дување на стомакот. Три варени моркови имаат еднаква доза хранливи состојки како три свежи, но мошне побрзо и подобро се варат. Затоа добро е да конзумирате варена храна или мала доза свежа.
Лута храна
Храната зачинета со црн бибер, чили, лук, сенф, рен и каранфил може да стимулира ослободување кислеини во стомакот што доведува често до иритација.
Претерано внесување на јаглен –хидрати
Белото брашно, бананите и тестенините се полни гликогени и не се најдобри пријатели на вашиот стомак затоа што еден грам гликогени таложи 3 грама вода. Доколку утре не трчате маратон немате потреба да внесувате толку многу јаглен – хидрати. Умерено.
Гуми за џвакање
Можеби се добри за здивот, но зарем незнаете дека гумите за џвакање може да предизвикаат повраќање? Кога џвакате вие голтате воздух, а тој воздух се гуши во дигестивниот тракт што може да предизвика повраќање.
Пржена храна
Обожавате помфрит, а и крофни? Епа сега е крајно време да им кажете „Збогум“. Пржената храна потешко се вари и предизвикува да се чувствувате тромаво и подуено. Време е да се соочите со вистината: пржената храна е храна убиец.
Производи што предизвикуваат гасови
Некои производи просто предизвикуваат повеќе гасови од другите и го иритираат вашиот дигестивен тракт. Меѓу нив се пиперките, зелката, лукот, брокулата, карфиолот и цитрусното овошје.