ОСТРА РЕАКЦИЈА ОД МОСКВА: Формирањето на Косовската армија е чекор кон нова Балканска вojнa!

Одлуката за трансформирање на Косовските безбедносни сили во полноправна косовска армија претставува чекор со кој грубо се нарушува Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност и Обединетите нации, а неговата цел е сериозно нарушување на ситуацијата на Балканот и правање на ризик од нов вооружен судир во тој регион

„Реториката на низа политичари од САД и Европската унија, високите генерали на НАТО, кои се обидуваат да се убедат себеси и околината дека одлуката на Приштина не ја менува суштината на Косовоските безбедносни силе предизвикува чудење. Се работи за двојно зголемување на нивната бројност, формирање на резервни сили, а тоа е главната работа во промената на суштината на силите кои до неодамна имаа функција на цивилна одбрана. СО поддршка на САД и низа на земји на НАТО веќе се води засилена подготовка на косовско-албанска војска, се зголемува испораката на оружје и техника на Косоварите“, наведува Министерството за надворешни работи на Русија.

Во соопштението се истакнува дека западните престолнини и Брисел ја игнорираат конструктивната и одговорна политика на Белград, насочена кон барање на компромис, намалување на напнатоста.

Српското раководство пред сѐ се воздржа од усвојување на мерки со кои би се одговорила на тоа што Приштина во ноември го воведе, стопроцентни царини на робата од Србија и Босна и Херцеговина, која е „практично насочена на стварање на катастрофални услови за косовските Срби и продолжување на етничкото чистење на неалбанското население“.

„Констатираме дека косовскиот ‘премиер’ Рамуш Харадинај, кој по налог на САД води политика на заострување на кризата, систематски заканувајќи се со насилство и војна на Балканот ќе бидат обновени, претставува олицетворение на неодржливоста на западната пропагандна концепција која активно наметнува формирање на косовска ‘државност’. Косово очигледно сѐ повеќе станува точка на нестабилност, извор на конфликтен потенцијал во регионот. Посредничката улога на Европската унија во дијалогот Белград и Приштина пропадна“, нагласуваат од МНР на Русија.

Во соопштението исто така се истакнува дека меѓународните сили на Косово, пред се Унмик и КФОР во склад со одобрените мандати, на основа на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН, имаат обврска итно да направат се што можат за да извршат демилитаризација и расформирање на сите вооружени косовско-албански формации.

Извор: “Инфомакс”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.