ОСТАВКА!!! “Директорка од ДУИ расфрлала народни пари. Просветарите и пензионерите мизеруваат”

Пратеникот на ВМРО ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, побара оставка од Сермине Пурини, директорката на КИЦ.

” Директорката на КИЦ, Сермине Пурини од ДУИ лесно троши буџетски пари, од Министерството за Култура и Град Скопје, па така за манифестацијата „Звуци на чаршијата” ќе исплати хонорари од 11.000 евра без ДДВ за убавата Елвана, пејачка од Албанија, за само 45 минути настап.
4.000 евра, без ДДВ, за Дафи Зеќири; Љум Бериша – 2.500 евра без ДДВ; Или Лимани – 2.500 евра, без ДДВ.
Вкупно 20.000 евра без ДДВ!!!
А би било многу подобро доколку има приоритет во трошењето на парите на граѓаните, на пример малку средства за некое играорно друштво, малку средства за инструменти на 5-6 сиромашни талентирани музичари, малку средства за тоалетите во училиштето „7ми Март” во Чаир и малку средства за една мешовита македонско-албанска група на млади музичари кои ќе ја развеселат чаршијата многу повеќе за само 1/10 од она што Елвана ќе го стави во џебот за 45 минути!
Почитувана Директорке, ваков луксуз можеби ѝ личи на Шведска, но во Македонија за ваков луксуз може да си размислите и за оставка!, напиша Милошоски на Фејсбук.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.