Организиран дочек на Новата година на плоштадот „Методоја Андонов – Ченто“

Со огномет и топли пијалоци, прилепчани ја пречекаа Новата 2017 година на плоштадот „Методија Андонов Ченто“, каде настапија музичарите Белинда и Шило и грчкото диџејско трио „Д мод“.

 

ggggg

Со желби на здравје, среќа и бериќет, на полноќ Новата 2017 година на прилепчани им ја честиташе градоначалникот Марјан Ристески.

– Нека Новата 2017 година ви донесе здравје, среќа и успех на приватен и деловен план. Да имаме стабилна политичка клима и развој на Прилеп со многу инвестиции и вработувања, порача Ристески.

Од Службата за итна медицинска помош информираат дека имале интервенции во новогодишната ноќ.

Првото бебе во Новата година во Прилеп е женско. Се родило во 5.20 часот на гинеколошкото одделение во градската болница „Борка Талески“. Тоа е трето дете на прилепчанката Наташа Велјаноска. Од локалната самоуправа на Прилеп првото бебе ќе добие пригодни подароци. 

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.