Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес изјави дека луѓето имаат право да знаат “што планира Брисел”, наведувајќи дека прашањето за мигрантите ќе биде главно европските избори кои ќе се одржат во мај оваа година.
Орбан во интервју за унгарското државно радио рече и дека неговата влада неодамна започна со кампањата:”да се разоткријат плановите на бриселската бирократија”.
Orbán defends his campaign against Juncker, saying that the Hungarian government's responsibility is to inform citizens of Brussels' migration plans https://t.co/iurz8wKIPw
— POLITICO Europe (@POLITICOEurope) February 22, 2019
Тој рече дека актуелното “про-мигрантско” мнозинство во Европскиот парламент, ќе настојува да ја зголеми миграцијата, “што би било еднакво на тоа Европа да биде одземена од европјаните”.
Орбан ја бранеше пропагандата против претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер, кој е претставен како делува во име на американскиот милијардер со унгарско потекло Џорџ Сорос. Тој оцени дека оваа кампања е заснована на факти и дека Јункер е одговорен што Велика Британија ќе ја напушти унијата.
Orban faces backlash over billboard campaign – Hungary Journal #Hungary #Orban #EP2019 https://t.co/biAOeCGu35
— Gulay Icoz (@GulayIcoz) February 22, 2019