По повод празникот „23-Октомври – ден на Македонската револуционерна борба“ и во рамките на одбележувањето на 100-годишнината од раѓањето на Мирче Ацев, патронот на нашето училиште, Младинската заедница на Гимназијата организираше ораторска вечер на тема „Животните вредности денес“.
На ораторската вечер се натпреваруваа 9 ученици од нашето училиште, кои пред преполната сала на Градската библиотека „Борка Талески“ се претставија со своите ораторски вештини.
Ораторската вечер ја отвори ученичката Доротеа Дамјаноска која ја испеа Химната на Македонија.
За создавањето на Македонската револуционерна организација и за делото на Мирче Ацев говореше Надица Бунеска – претседателката на Младинската заедница. Таа ги запозна присутните со текот на ораторската вечер и ги претстави учесниците на истата.
Потоа пред присутните кратко излагање за двата светли датуми од историјата на македонскиот народ, имаше градоначалникот на Прилеп, г-дин Марјан Ристески.
На ораторската вечер со своите ораторски вештини се претставија: Сара Нешкоска, Илчо Лешникоски, Надица Чолакоска, Ангела Митреска, Деспина Силјаноска, Теодора Биноска, Цвете Јанеска, Стефани Мирческа и Анастасија Насевска.
Комисијата која ги оценуваше ораторските настапи на учесниците на ораторската вечер беше во состав: Проф. Рубин Матески – претседател на комисијата, Проф. Елена Стојаноска, Проф. Димче Настоски, Проф. Николче Богданоски и претседателката на Младинската заедница – Надица Бунеска.
На паузата, додека комисијата ги сумираше резултатите, пред присутните гости неколку музички нумери изведоа учениците Марко Цветаноски и Стефан Кукески.
Победници на оваа ораторска вечер беа:
Деспина Силјаноска – прво место
Сара Нешкоска – второ место
Надица Чолакоска – трето место
На учесниците на ораторската вечер им беа доделени благодарници, а на победниците, Градоначалникот и Директорот на гимназијата им доделија дипломи и книги со кои ќе ги збогатат своите знаења и своите ораторски вештини.