Општина Прилеп со голем број на инвестиции во н.м. Големо Коњари

BeFunky Collage

Во изминатиов период локалната самоуправа од Прилеп за подобрување на квалитетот на животот во населеното место Големо Коњари инвестираше во повеќе сфери од општественото живеење. Бенефитите од реализацијата на овие проекти за жителите се огромни затоа што најголемиот дел од нив се реализираат за прв пат од историјата на постоењето на Големо Коњари.

_MG_1940

_MG_1956

„Училиштето „Страшо Пинџур“ во Големо Коњари беше во руинирана состојба и не беше реконструирано уште од 1926 година откако тоа било направено. Меѓутоа со реализација на повеќе проекти на локалната самоуправа и Министерството за образование ова училиште прерасна во едно од најубавите училишта во населените места и во него беа вложени околу 6 милиони денари.  Дел од училиштето сега го претворивме и во градинка за потребите на децата од предшколска возраст. Моментално во тек се два тендери за препокривање на училиштето и реконструкција на фасадата со што ќе заврши еден голем процес во ова училиште“, истакна Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп.

_MG_1932

Освен во образованието во Големо Коњари се инвестираше уште во голем број на други проекти кои го подобрија квалитетот на животот на населението.

„Инвестиравме во изградба на нов преубав парк, асфалтирани и тампонирани се повеќе километри на улици, поставено е ново осветлување, изградена е нова канализациона мрежа со пречистителна станица, легализирани се голем број од куќите, што значи полека ова населено место се урбанизира и добива квалитетни услови за живот“, додаде Ристески.

_MG_1989

_MG_1975

_MG_1963

За наредниот период било предвидено Големо Коњари да добие детско игралиште кое би се изградило во училишниот двор, комплетно ќе се реконструирал стадионот за фудбал, како и доасфалтирање на преостанатите улици.

_MG_1961

_MG_1959

_MG_1958

Од локалната самоуправа на Прилеп велат дека и понатаму интензивно ќе продолжат со инвестиции во руралните населени места се со цел да се подобри квалитетот на животот таму и да се спречи миграцијата.

_MG_2003

_MG_2022




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.