Општина Прилеп го објави Јавниот повик за предлагање кандидати за членови на Локалното собрание на млади на Општина Прилеп.
Локалното собрание на млади претставува тело составено од по еден делегат и еден заменик-делегат, кои се предлагаат од младински организации, организации за млади, политички подмладоци, ученички и студентски организации, како и други облици на младинско здружување.
Членовите на Локалниот младински совет на Општина Прилеп се избираат по пат на непосредни избори со тајно гласање, при што право на глас имаат делегатите од Локалното собрание на млади.
Повикот е отворен за сите младински организации, организации за млади, политички подмладоци, ученички и студентски организации и други облици на младинско здружување кои ги исполнуваат следните критериуми:
-да имаат активности на територијата на Општина Прилеп;
-да се основани и активни најмалку една година пред отворањето на повикот;
-делегатот и заменик-делегатот да се жители на Општина Прилеп и да се на возраст од 15 до 29 години.
Локалното собрание на млади има задача да ги спроведува активностите на Собранието, да учествува во подготовка на документи и да предлага членови во други органи и тела. Апликантите кои ги исполнуваат условите ќе бидат дел од Локалното собрание на млади, чија примарна цел е избор на Локалниот младински совет на Општина Прилеп.
Целта е почитување на Законот за младинско учество и младински политики, како и обезбедување поголема и поквалитетна вклученост на младите во креирањето на локалните политики за млади.
Јавниот повик трае 8 (осум) дена од денот на објавувањето на веб-страницата на Општина Прилеп, односно до 19.02.2026 година.
За критериумите и начинот на аплицирање, заинтересираните млади можат да го погледнат Јавниот повик објавен на веб-страницата на Општина Прилеп:
























