“Општина Прилеп го погази и чествувањето на 61 годишнината од смртта на Методија Андонов – Ченто!?”

Денеска се навршуваат 61 година од смртта на првиот Претседател на Президиумот на АСНОМ, Методија Андонов – Ченто.

Делегација предводена од претседателот на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ – Прилеп, Петар Ристески, и претставници на Македонското патриотско здружение “Пере Тошев”, положија свежо цвеќе на вечниот паметник за Ченто во центарот на Прилеп.

На настанот не биле присутни претставници на општинските власти, иако споменикот на Методија Андонов-Ченто се наоѓа веднаш пред општинската зграда.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.