Општина Кичево покажува како треба да се работи со дивоградбите (ФОТО)

Општина Кичево и новиот градоначалник Александар Јовановски, покажуваат како треба да се реагира кога се прекршуваат одобренијата за градење и кога се градат дивоградби.

-На локалитетот „Подкрушино“, екипите на Инспекторатот на Општина Кичево, во координација со НККР при МВР – ОВР Кичево, извршија затворање на градилиште поради изведување градежни работи спротивно на издаденото одобрение за градење, информираат од општината на социјалните мрежи.

Во соопштението од општината се вели дека се утврдени неправилности кај лицето Ф.С. (34), инвеститор од Кичево, за што ќе бидат преземени соодветни мерки и законски санкции.

-Општина Кичево продолжува со засилен инспекциски надзор со цел почитување на законите и заштита на јавниот интерес, стои во соопштението.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.