Општина Битола со важно соопштение до сите жители

Општина Битола, ги известува граѓаните дека во завршна фаза е реализацијата на проектот за реконструкција на коловоз на ул.„Довлеџик“.

Согласно динамиката за реализација на договорот за реконструкција во деновите 27.05.2022, 28.05.2022 и 29.05.2022, ќе се врши асфалтирање на улицата од раскрсницата на ул.Довлеџик со ул.Големо Езеро до мостот на р.Драгор.

Поради тоа, улицата ќе биде целосно затворена за сообраќај од 07.00 часот во петок 27.05.2022 до 08.00 часот во понеделник 30.05.2022. Во деновите додека трае асфалтирањето сообраќајот ќе се одвива преку обиколницата.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.