-СВР Битола поднесе кривична пријава против правно лице од Битола и М.Ј.(65) од Битола, сопственик на правното лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривичното дело „бесправно градење“.
Пријавениот постапил спротивно на одобрение за градење издадено од општина Битола, за изградба на подружница на пријавеното правно лице, и изградил угостителски објект – ресторан, со што избегнал плаќање на повисоки надоместоци за уредување на земјиштето – информираат од СВР Битола.